Средба Филков-Маричиќ, тема реформите во изборното законодавство и соработката меѓу Министеството за правада и ДИК

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претседателот на Државната изборна комисија Бојан Маричиќ, потпретседателот на ДИК Абдуш Демири и членот на Комисијата Ангелчо Ристов. На средбата се разговарало за реформите во изборното законодавство, како и за важноста од тесна институционална соработка помеѓу Министерството за правда и Државната изборна комисија во процесот на подготовка на законските измени.

Како што информираат од Министерството за правада, се дискутирало и за можностите за унапредување на постојната законска рамка, зајакнување на транспарентноста и ефикасноста на изборниот процес, како и усогласување на изборното законодавство со современите демократски стандарди.

Претставниците на ДИК најавиле дека во наредниот период ќе достават свои предлози и сугестии, кои ќе бидат разгледани од страна на работната група формирана за подготовка на реформите во изборното законодавство.

Соработката меѓу институциите е клучна за креирање стабилен, транспарентен и доверлив изборен систем, во интерес на граѓаните и демократските процеси во државата. МИА

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content