Мицкоски: Забраната за влез на адвокатот Менкиноски во Бугарија е удар врз имиџот на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди одлуката на бугарската гранична полиција да му забрани влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски до 2036 година.

По телефонски разговор со Менкиноски, Мицкоски оцени дека ваквиот потег претставува кршење на човековите права и испраќа негативна порака до Европската Унија.

„Менкиноски не е престапник, туку чесен граѓанин, чиј единствен „грев“ е правното застапување на Македонците во Бугарија пред Судот во Стразбур“, изјави премиерот. Тој предупреди дека ако ЕУ не реагира официјално, угледот на Унијата може сериозно да биде нарушен.

Адвокатот веќе ја информирал македонската влада и меѓународните организации за човекови права, најавувајќи дека ќе ги искористи сите можности пред Советот на Европа и Обединетите нации за оспорување на оваа забрана.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content