Се огласи Град Скопје: Еве кој ќе плати за семафорот во Автокоманда

Град Скопје се огласи откако денеска на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, камион со скопски регистарски таблички удри во семафор, а пешак беше повреден.

Од Градот информираат дека надлежните служби веднаш излегле на терен и работат на санација на настанатата штета и на нормализирање на сообраќајот.

-Екипите се ангажирани на отстранување на оштетената сообраќајна сигнализација и на враќање на локацијата во првобитна состојба, со цел што побрзо да се воспостави безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Ја информираме јавноста дека трошоците за санација и повторно поставување на сообраќајната сигнализација ќе бидат фактурирани на товар на причинителот на штетата, согласно важечките прописи, се вели во објавата од Град Скопје.

Министерството за внатрешни работи е на терен, а увидот за утврдување на околностите под кои се случил настанот е во тек.

Од Град Скопје апелираат до возачите за трпение и внимателно движење додека целосно не се расчисти коловозот и сообраќајот не се нормализира.

Од Град Скопје апелираат до возачите за трпение и внимателно движење додека целосно не се расчисти коловозот и сообраќајот не се нормализира.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content