На денешната владина седница ќе се дознае и името на новиот Државен јавен обвинител, предлог на Владата кој ќе оди во собрание и каде се потребни 61 глас за негово назначување. Во игра се 4 кандидати.
Инаку, советот на јавните обвинители на 17-ти минатиот месец даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител – за в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ, додека пак, за кандидатурата на Владимир Панчевски едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во однос на работниот стаж.
Премиерот Мицкоски во интервју за ТВ „Канал 5“ од 25 февруари рече дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавните обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска.
Кој е Ненад Савевски, еден од кандидатите за Државен јавен обвинител? Тој е професионалец ос богата кариера и многу искуство и авторски трудови.
Секој ден патува од Гостивар за Скопје и назад. Со гордост го потенцира гостиварското потекло.
Секој ден патува од Гостивар за Скопје и назад. Со гордост го потенцира гостиварското потекло.
„Ако еден судија со своето секојдневно однесување јасно демонстрира дека во него има интегритет и дека ја врши својата професија на чесен начин, дури ни блиските нема да му влијаат. Сѐ зависи лично од еден судија како се етаблира во средината“, вели во едно интервју Савевски.
Што вели неговотo CV?
