„ Членки на СДС и Левица, познати од времето на шарената револуција кога скокаа за правда и мир, а потоа се помирија со лоповлук и предавства, денес одржаа говори пред Собрание“

Членки на политичките партии СДС и Левица, на јавноста познати од претходно како дел од шарената револуција, денес одржаа говори пред Собрание, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа се истите луѓе кои скокаа за правда и мир, а потоа се помирија со лоповлук и предавства, седејќи во фотелјите на невладините организации и партиите кои ги одгледуваат.

Овие луѓе, кои најгласно говореа за правда, сега пак се во прегратките на оние кои на граѓаните на Македонија и ги нанесоа најголемите предавства.

Филипче вчера излезе од партиска говорница да го потврди приклучувањето на СДС кон маршот, или во превод, приклучување на маршот на активистките на шарената револуција.

Од друга страна, претседателката на Форумот на жени на СДС, одржува партиски прес-конфернции, комплетно украдени и ископирани од соседна држава, со црвени обоени дланки, и се обидува да потсети на времето на шарената револуција.

Од друга страна, претседателката на Форумот на жени на СДС, одржува партиски прес-конфернции, комплетно украдени и ископирани од соседна држава, со црвени обоени дланки, и се обидува да потсети на времето на шарената револуција.

Јасно е дека СДС, особено со Венко Филипче, особено со ова моментално ракводство на партијата, ќе направат се, ќе коленичат и ќе виткаат кичма, во нивните обиди да дојдат пак на власт.

Вакви изрежирани сценарија се печатот на СДС, упорни се во борбата да ја киднапираат Македонија, со цел да се спасат себе си, по секоја цена.

Инаку, членка на Форумот на жени на СДС одржа прес-конфернеција пред два дена, на 6 март, со истата симболика во позадина, вчера Каја Шукова го повтори ова и го појача интензитетот, за потоа Филипче да свика вондредна прес-конференција, да каже дека СДС ќе се приклучи на денешниот марш.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content