Променливо облачно, температури до 16 степени

Времето денеска ќе биде облачно и тивко, попладне и во текот на ноќта со услови за слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно со караткотрајни сончеви периоди и услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Според прогнозата на УХМР, во понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник се очекува период на стабилно време, со можност за појава на утринска магла по котлините.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content