Најголема гаранција за мирот е членството во ЕУ, рече Силјановска-Давкова по средбата со Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. На заедничката прес конференција Сиљановска-Давкова истакна дека посетата на Руте, која доаѓа во време на геополитичка неизвесност и глобални тензии, војна на европско тло, како и сериозните безбедносни предизвици на Блискиот Исток, е потврда за важноста на сојузничката солидарност и заедничка одговорност на алијансата.

Претседателката Сиљановска-Давкова го информирала генералниот секретар Руте дека земјава го спроведува планот за инвестиции во одбраната со издвојување на одреден процент од БДП до 2035 и ги исполнува целите за способностите.

„Тоа е инвестиција во заедничката безбедност. Исполнет е процентот за инвестиции во одбраната од два отсто,а од нив 30 отсто се наменети за опрема и модернизација“, рече Сиљановска-Давкова и потенцира дека најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан и заштита од влијанија од трети страни е итна и целосна политичка интеграција во ЕУ.

Генералниот секретар Руте посочи дека  Македонија е вреден сојузник на НАТО кој дава повеќе од 2 проценти од БДП за одбрана и прави напори да достигне до ветените пет.

„Македонија игра значајна улога во безбедноста на Западен Балкан. Регионот е од стратешко значење  и нема да дозволиме да се појави безбедносен вакуум“, посочи Руте и ја пофали поддршката на Македонија за Украина.

Тој потсети дека сите сојузници мора да дадат поголем придонес за одбраната, за да се постигне поголема безбедност, економски раст и работни места.

„За 4 месеци следува Самитот на НАТО во Анкара каде мора да покажеме дека созуниците даваат свој придонес за одржување на одбраната и на зголемената подршкаа на Украина, за што знаеме дека можеме да сметаме на Македонија“, рече Руте.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content