Православните христијани во земјава влегуваат во период на најголемите христијански празници, посветени на Христовото раѓање – Божиќ. Во духот на вековната традиција, празнувањето започнува со Бадник, кој се одбележува во семејна атмосфера, со посна трпеза и обичаи што се пренесуваат од генерација на генерација.
Бадник годинава се паѓа на 6 јануари, односно во вторник, додека Божиќ се слави во среда, на 7 јануари. Овој ден е еден од најсветите во православниот календар и симболизира радост, мир и духовно обновување.
Третиот ден од Божиќ е посветен на Светиот Архиѓакон и првомаченик Стефан, кој воедно се смета и за првата слава по Божиќ. Овој празник има особено значење кај верниците и традиционално се одбележува со свеченост и почит.
Бадник е неработен ден исклучиво за православните верници, додека Божиќ е неработен ден за сите граѓани во државата.
Следниот неработен ден во месец јануари е 19 јануари, кога се одбележува големиот христијански празник Богојавление – Водици.
