Започнува пријавувањето за учество на турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2025“

Се’ е подготвено за одржување на традиционалниот турнир во мал фудбал „Св.Никола 2025“ велат организаторите на турнирот.

Турнирот ќе се одржи од од 12ми до 28ми декември во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко, а пријавувањето на екипите започнува од денеска. И, оваа година покровител на турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2025“ е Локалната Самоуправа на Општина Прилеп која дава максимална поддршка на спортот и команијата Комфи Ангел.

Котизацијата за учество е различна : за сениорските екипи екипите треба да уплатат 10.000 денари, додека пионерските тимови – составени од млади фудбалери родени меѓу 2013 и 2018 година – ќе учествуваат со симболична котизација од 3.000 денари.
Се очекува и оваа година на турнирот да земат учество и екипи од другите градови на Македонија,а организаторите повторно со понуди за атрактивни парични натпревари, и богати награди за публиката и учесници. За најуспешните екипи се предвидени парични награди во вредност од 300.000 денари за првото место, 180.000 денари за второто и 70.000 денари за третопласираните.

Организаторите очекуваат голем интерес и најавувајќи спортски спектакл во пресрет на празникот Св. Никола.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content