Општина Прилеп – најуспешна општина во спроведување на инклузијата

Прилеп е “Најуспешна општина во спроведување на инклузијата“  признание за Прилеп на Денот на лицата со попреченост, 3-ти Декември кое општината го доби од Здружението „Отворете ги прозорците„ и Детската фондација „Песталоци“ од тригодишниот проектот „Инклузија на деца со ПОП“, во која учествуваа 12 општини. Признането, општината го добива како потврда за пионерските чекори што ги прави во воспоставување општинско Инклузивно тело, во кое членовуваат претставници од основни училишта: наставници, стручни соработници, специјални едукатори и рехабилитатори.

“Ние како општина уште пред 4 години направивиме исчекор, кога и немаше законска обврска, па од основниот општински буџет ангажиравме образовни асистенти во освновните и средните училишта, бидјеќи како општина ги слушнавме потребите на граѓаните. Општина Прилеп моментно има 52 образовни асистенти, од кои 44 се во основните 8 во средното образование, но сметам дека   постои простор за ангажирање на поголем број асистенти за опфата заможност за вклучување на повеќе деца со попреченост во образовниот систем во Прилеп  Сето ова придонесува за она што е веќе како признание го добивме „Најуспешна општина во спроведување на инклузијата“.Ова признание не е само награда, туку доказ дека заедно институциите, организациите, семејствата и поединците, успеавме да создадеме средина во која лицата со попреченост, децата со посебни образовни потреби, се рамноправни учесници во сите сфери на животот.“ рече  градоначалникот на Прилеп, Дејан  Проданоски, кои го посети Дневниот центар за деца со попреченост “Ѕуница„, еден од првите центри во Општина Прилеп, што 23 години активно се грижа за интеграција на децата со пореченост во заедницата.

Видео и галерија од настанот на РадиоПелаМК.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content