Александра Трајческа објави песна со блуз душа и AI визуелна магија

Новата песна на талентираната прилепчанка Александра Трајческа носи препознатлива блуз атмосфера, надополнета со впечатлив видеоспот создаден со помош на вештачка интелигенција (AI).

Музиката и аранжманот се дело на Дамир Пух и Александра, а текстот го потпишува самата таа, додавајќи лична емоција и автентичност на целата приказна.

Пратечките вокали ги изведуваат Наташа Миха Пух и Александра Трајческа, создавајќи топла вокална хармонија која го збогатува блус звукот.

За видеопродукцијата е задолжен Атанас Димов, а спотот се издвојува по неговиот модерен визуелен идентитет, реализиран со употреба на AI технологија, која му дава свежа, уметничка и поинаква динамика.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content