Дејан Проданоски прогласи победа во прв круг во Прилеп

Од 79,30% обработени гласовите од страна на Државната изборна комисија со убедлива победа во Прилеп со 57,16 проценти од гласовите или 15,216 гласови има кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

Петра Лукароска, од СДСМ и Коалицијата за Локални избори има 21,26 поценти од гласачкото тело во Прилеп и брои 5662 гласови.

Од Групата избирачи, Павлинче Матевска освои 4,66% од гласачкото тело, а Борче Чупетрески 4.08%

Број на гласови доби и кандидатот за градоначалник од Македонска Ера, Владимир Ѓорѓиоски 411, а остантите кандидати за градоначалници на Општина Прилеп имаат вкупно 992 гласа.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content