Делегација на Венецијанската комисија на разговори во Уставниот суд

Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, вчера го посети Уставниот суд и имаше средба со претседателот на сусдот Дарко Костадиновски и судијата Ана Павловска Данева.

На средбата беше изразено заемно задоволство од високото ниво на соработка и од континуираниот дијалог за прашања од областа на уставното судство и владеењето на правото, соопшти прес-службата на Уставниот сусд.

– Членовите на Венецијанската комисија пројавија интерес за значењето и содржината на одлуката на Судот У.бр.90/2024, со која беа укинати одредби од повеќе закони и подзаконски акти што се однесуваат на поимот „припадност на заедниците“, меѓу кои се и делови од Методологијата за планирање на вработувања во јавниот сектор согласно начелото на соодветна и правична застапеност, во јавноста препознатлива како „Балансер“. Двете страни изразија подготвеност за продолжување на конструктивната соработка и дијалогот и во наредниот период.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content