Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Од 26 август од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин Еуросупер БС-95 – 75,00 (ден/л)
моторен бензин Еуросупер БС-98 – 77,00 (денари/литар)
дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 68,00 (денари/литар)
масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,50 (денари/литар)
мазут М-1 НС – 38,265 (ден/кг)
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 денари/килограм и сега ќе изнесува 38,265 денари/килограм.
