Средба Ѓорѓиевски-Саити

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари средба со генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити.

-Разговаравме за продлабочување на соработката со градот Скопје, со посебен акцент на грижата и поддршката на бездомните лица. Хуманоста е мерка на зрелоста на едно општество. Верувам дека заедно, преку конкретни активности, можеме да обезбедиме подобри услови за сите. Секој од нас има обврска да подаде рака на оној што има најмалку, бидејќи вистинската сила на заедницата се гледа во моментите кога се грижиме за најранливите, вели Ѓорѓиевски.

Тој посочува дека Скопје е наш заеднички дом, а вистинскиот дом е оној во кој има место, грижа и љубов за сите.

-Да изградиме Скопје во кое солидарноста ќе биде најголемата вредност, а хуманоста – наш заеднички јазик, додава Ѓорѓиевски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content