Вашиот омилен ресторан СИМФОНИЈА викендов ќе приреди уште едно доживување кое долго ќе се памети. На задоволство на огромен број генерации, повозрасни, но и млади, доаѓа неповторливиот Ненад Милосављевиќ – Неша Галија.
Човекот кој остави длабока трага во музичката историја на Балканот. Мелодичноста, поетските текстови и непогрешливата енергија на сцената се она што ги прави неговите концерти вистински музички доживувања.
Ова е ексклузивна можност да уживате во жив настап на еден од најуникатните гласови на поранешната југословенска рок сцена, чии песни и денес допираат до срцата на илјадници обожаватели. Токму од СИМФОНИЈА во Прилеп популарниот Неша ја започнува својата турнеја за 2025година, што е огромна чест и ветува дека концертот секако ќе има посебно значење.
Дојдете да уживаме и заедно да ги испееме најголемите хитови на “Галија”: “Дигни руку”, “Трубе”, “На твојим уснама”, “Још увек сањам”, “Котор”… и многу други.
Концертот е закажан за 21.јуни (сабота) со почеток од 20:30часот, локацијата на СИМФОНИЈА веќе добро ја знаете (на само 5км од Прилеп, во населеното место Ново Лагово), па ви останува уште навреме да си купите влезници и да си резервирате убава маса за вас и вашите најблиски.
Влезниците се по цена од 800 денари, а тимот на СИМФОНИЈА ве очекува да резервирате на телефонскиот број: 078 446 654
Дојдете заедно да се впуштиме во еден убав музички времеплов кој со сигурност ќе биде мелем за уши и душа.
*Напомена: Настанот е со седење, на претходно резервирана маса.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА.
