Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Билјана Каракашова Шулев е новата заменик-претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Иако изборот бил направен уште на 3 март 2025 година, уписот во Централниот регистар е извршен дури денеска. Каракашова Шулев е активен член на комисијата, а со оваа одлука официјално ја презема функцијата заменик-претседателка.

Изборот доаѓа во чувствителен момент за институцијата, бидејќи претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, е под судски мерки на претпазливост и дополнително под истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Од страна на Обвинителството ѝ е изречена мерка за времено оддалечување од работното место, што значи дека Димитровска не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Комисијата. Воедно, ѝ е забрането да гласа и да врши распределба на предмети додека трае истрагата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content