Бесплатен влез за сите посетители по повод 18 мај – Меѓународниот ден на музеите

Денес е меѓународниот ден на музеите. Искористете го овој ден од викендот и посетете некој од музеите во ваша близина. По повод одбележувањето на 18 мај – меѓународниот ден на музеите, влезот во музеите е бесплатен.

Подолу ви презентираме дел од изложбите кои можете да ги посетите:

Во Музејот на современата уметност во Скопје трите тековни меѓународни изложби се:

• „45 години ФЛУ“ – Јубилејна изложба, резултат на соработката помеѓу Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје и МСУ–Скопје.
• „Форми што летаат: меѓународни уметници во француските колекции“ – Избор на дела од француските колекции на мсуЛион и МСУ–Скопје. Курирана од Матје Лелиевр, директор на Одделот за колекции при мсуЛион.
• „Калдер: Флуидена модерност“ – Изложба која ја истакнува звучната композиција на Дорит Крајслер, создадена во интеракција со мобилот на Александар Калдер. Курирана од Нада Прља.

Музејот на македонската борба за самостојност ја постави изложбата Заборавени времиња на авторот Александар Тодоровски, кустос во музејот. Публиката ќе има можност да види оригинални часовници од депото на збирката Македонија меѓу двете светски војни, изложени во холот на музејот.

Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам отворена е изложбата „Црвен се барјак развева“.
Во објектот Даут пашин амам во тек се подготовките за ретроспективната изложба на Анета Светиева, која исто така е во рамките на активностите по повод светскиот музејски празник, а истата ќе биде отворена на 21.5.2025 година.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content