Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и пратеникот Бојан Стојаноски го означија почетокот на реконструкцијата на една од најважните сообраќајни артерии во Волково, општина Ѓорче Петров.
-Станува збор за целосна реконструкција на коловоз во должина од повеќе од 1.000 метри, изградба на попивателни бунари, уредување на просторот кај последната станица на линијата „22“, како и поставување нова автобуска постојка, објави Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека оваа улица има особено значење за жителите на Волково, затоа што претставува директна врска со обиколницата и секојдневно ја користат голем број граѓани.
-За Ѓорче Петров имаме сериозен и јасен план. Не за зборување, туку за работа. По улицата „101“, следуваат и улиците „Шарпланинска“ и „Веле Марков“, како и многу други капитални проекти кои директно ќе го подобрат квалитетот на животот на жителите од овој дел на Скопје, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека Скопје се менува, градиме, реконструираме и решаваме проблеми кои со години биле оставани на страна. Продолжуваме силно, одговорно и посветено.
