Во петок и сабота средби на ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во петок и сабота треба да се одржат средбите со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ на кои ќе се разговара за најавената владина реконструкција.

Како што изјави денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, соработката на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ продолжува како досега.

– Во петок и сабота се закажани средбите со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ. Инаку, сега не сме пред избори, сега сме во втората половина од мандатот, имаме исклучително коректна и пријателска соработка со ВРЕДИ. Очекувам во таа насока да продолжиме. По реализирањето на нашата соработка, по изборите во 2024 година, следеа локалните избори каде тие убедливо победија во 10 општини, така што не гледам пречка во овој момент нашата соработка да не продолжи, истакна Мицкоски по посетата на реконструираната Општа Болница во Општина Струмица.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content