СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Стигна ажурирањето на Windows 11 за 2022

Windows 11 почна да го добива своето прво големо ажурирање во форма на Windows 11 2022 Update.

Со Windows 11, Microsoft одлучи да се префрли на годишна објава на ажурирања, што значи дека не мора да прецизира во која половина од годината се објавува ажурирањето, како што беше случајот со претходните верзии на Windows.Windows 11 беше објавен пред повеќе од една година, а ажурирањето од 2022 година носи голем број нови функции.

Microsoft нагласува дека целта на Windows 11 е да понуди поедноставено искуство што го прави корисникот попродуктивен. Така, новата верзија на Windows вклучува подобра навигација со допир за Snap Layouts, можност за додавање повеќе табови на прелистувачот на Edge, Focus сесии и функцијата Do Not Disturb.

Компанијата тврди дека Windows 11 2022 Update нуди побрз Search, подобро искуство со менито Start, различни виџети и подобрувања на пристапноста.

Покрај тоа, најновото ажурирање исто така се промовира како врвно за креаторите на содржини и гејмерите, благодарение на фактот што доаѓа во комплет со Clipchamp, нова алатка наречена Windows Studio Effects и голем број гејминг подобрувања.

Microsoft ја продолжува поддршката за апликациите за Android во Windows 11. Искуството со Amazon Appstore, овозможено од Windows Subsystem for Android (WSA) сега се проширува во 31 нова земја и ќе содржи каталог од 20.000 апликации и игри за Android.

На безбедносен план, Windows 11 2022 Update има сензори за присуство за Windows Hello for Business, како и Smart App Control.
Како и претходните ажурирања на Windows, 2022 Update ќе пристигне во бранови и фази до квалификуваните корисници и ќе се појави во делот за ажурирање на Windows.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content