СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук го честиташе 1 мај на сите работници.

„Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р’бетот на нашата економија.
За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница. Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја. Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот“, напиша Мицкоски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content