Во Гостивар отворен МИНИ ПАРТИСКИ ШТАБ пред избирачко место

0

Во Гостивар, спроти влезот во ОУ Гоце Делчев, каде што се гласа, има импровизирана гаража, без обележја е, но како што тврдат соговорници за Република.мк, се работи за мини штаб на политичка партија од албанскиот блок.

Во Сарај пак, како што велат извори за Република, пред училиштата има луѓе од политичка партија од албанскиот блок која врши притисок врз гласачите. Иста била ситуацијата и во Рашче.

Во Куманово, пак, на неколку места имало проблеми со апарати и печат. Во изборното место 1100 не е започнато гласањето поради проблеми во со УБИГ 1100 апаратот. Во 1090 пак нема печат.

Според информациите до кои дојде Република на време не е почнто гласањето во избирачкото место 1075 каде е доставен нов УБИГ апарат кој не работел, по што е направен записник. Бил известен ОИК кој дал усна наредба да се гласа и гласањето започнало. Потоа ОИК писмено наредил да се прекине гласањето и сега се чекаат насоки од ДИК. Во изборното место 1135 немало печат, а добиле усни насоки од ОИЛ да продолжат со гласање па после гласање да се стави печат. Таму, велат извори на Република, спорно е примопредавањето на материјали и печат затоа што член од една од политичките партии не се потпишал. Се работи за избирачко место во Куманово.

Фото: Република.мк

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content