СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Сајбер одбраната на Владата поскапе од 15 на 25 милиони евра

Сајбер одбраната што ќе ја плаќа Владата за јавната администрација во наредните три години ќе чини 25 милиони евра, наместо досегашните 15 милиони.

Набавката на софтверски лиценци и сервиси, што е една од цените што треба да ја плаќаме како 30-та членка на НАТО, ќе не чини 1.520.343.083 денари што во наредните 36 месеци ќе му се исплаќаат на конзорциумот Крејон Македонија – Аитоникс.

Новиот договор склучен со Владата и истовремено објавен на електронскиот систем за јавни набавки е значително поскап во однос на претходниот постигнат пред три години со истото партнерство. Тогашниот договор чинеше 900 милиони денари, односно 15 милиони евра, а Владата им ги исплаќаше овие пари на Аитоникс и на Крејон дел по дел.

Новиот договор е склучен во долари како валута. Договорена е исплата на 26,5 милиони долари. Наведената сума ќе мора да се обезбеди дури и ако доларот во наредниот период значително зајакнува во однос на денарот.

Понудата не била најниската. Имало и таква за 22,7 милиони долари. Останати понудувачи биле Комтрејд Дистрибуција, Softwareone AG и Телелинк бизнис сервисис.

„Крејон Македонија“ е една од најголемите фирми во Македонија кои прават приходи во милиони евра а при тоа немаат ниту еден вработен. „Аитоникс“ е компанија во сопственост на Јордан Димитровски. „Крејон“ групацијата е еден од најголемите партнери на “Мајкрософт “ во светски рамки, а АД „Аитоникс“ е негов долгогодишен партнер и дистрибутер во Македонија.

Минатиот договор за сајбер одбрана го потпиша претходниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, непосредно пред да ја напушти функцијата.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content