СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Оставката на Заев повлекува пад на целата влада

Oткако Заев вчера ја најави својата оставка веќе почнаа калкулациите како ќе се избере нов премиер.

Уставот по ова прашање е јасен и вели дека не е можно да се избере само нов премиер а владата да продолжи нормално да функционира. Со еден збор со оставката на Заев паѓа и целата влада.

Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата стои во членот 93 од Уставот.

Сега Заев ќе мора на претседателот на Собранието да му ја достави оставкaта а потоа шефот на државата Пендаровски е должен  во рок од десет дена мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието а тоа се уште е коалцицијата околу СДСМ.

Потоа, мандаторот има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content