На последниот ден пред настапување на изборниот молк, утре, вторник 7 ми мај, прес конференција одржа Дејан Проданоски, кандидат за пратеник од ИЕ4 од Коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ, тој упати покана за вечерашниот митинг во Прилеп, и за масовна излезност на 8 ми мај:
Од срцето на македонштината од Прилеп би сакал да ве поканам вечерва на најголемиот сенароден собир, митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со почеток во 20:30 часот, да ги слушнете од раководството на партијата и идни лидери на државата пораките кои што ќе ги испратат до вас и повикот за да излеземе што е можно помасовно на изборите на 8 мај, да го зададеме последниот удар на хаосот и безредието кој што ни се случува последните години, предводен од коалицијата на СДС и ДУИ.Очекувам ваша поддршка вечерва на митингот и огромна масовна излезност, референдумска излезност на 8-ми мај и заокружување на број 2 за нашата кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давкова, за идниот премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, за носителите на листите, за господинот Александар Николоски, за кој што сум убеден дека ќе ја направи најголемата победа во И.Е 4, рече Проданоски.
<