СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Посебен режим на сообраќајот по повод Илинден на подрачјето на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека на 01 и 02.08.2023 година (вторник и среда), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден 2023 година во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот:

Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 01.08.2023 година па се до 22.00 часот на ден 02.08.2022 година на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место викано „Слива“, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира да локалните жители да се воздржат од движење со работни и земјоделски машини по наведените патни правци во наведениот временски период.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content