„НЕ ЗАБОРАВАМЕ, НЕ ОТСТАПУВАМЕ И ПРОДОЛЖУВАМЕ“: Во Кочани нов Марш за ангелите

Во Кочани попладнево ќе се одржи 45-тиот Марш на ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5 минути часот во Паркот на револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај спортската сала „Кочански ангели“.

Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со болката и загубата.

Според нив, маршот претставува чин на сеќавање и почит, но и повик за одговорност, вистина и правда.

„Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“, порачуваат организаторите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content