На продажба телефонски броеви на 533 милиони корисници на Facebook

0

Броевите се „огласени“  од непознат корисник на онлајн форум на кои се собираат сајбер-криминалци, вели Motherboard.

За креирање на базата на телефонски броеви е искористен безбедносен пропуст кој во 2019 ги направи сите телефонски броеви јавни. Некој го искористил пропустот и направил база на податоци. Од 12 јануари на Telegram е креиран и бот кој овозможува пребарување по листата, забележа безбедносниот експерт Алон Гал.

 

За пребарување е потребно во Telegram ботот да се внесе Facebook ID на корисникот кој се пребарува. Заинтересираниот купувач го внесува овој податок, а ботот му одговара со телефон кој е скриен. Ако корисникот сака да го види бројот, треба да купи кредит за 20 долари, но цените се движат до 5000 долари за 10 000 кредити. Пребарувањето може да оди и во обратна насока. Односно ако корисникот го знае телефонскиот број, може да пронајде и купи Facebook ID.

„Facebook треба да ги извести овие корисници за пробивањето на заштитата за да се намали опасноста да станат жртва на друг напад или на социјален инженеринг“, вели г. Гал.

Телефонските броеви кои се достапни во базата не зависат од тоа дали корисникот одбрал неговиот телефон да биде скриен. Безбедносниот пропуст е откриен во 2019, кога безбедносни експерти покажаа дека може да се собираат податоци (scrap) за корисниците на најголемата друштвена мрежа.

Пропустот кој го овозможуваше прибирањето податоци сега е затворен, па корисниците се безбедни. За жал телефоните не се менуваат толку често, па за најголем дел од корисниците ова веројатно и натаму е актуелниот телефонски број.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content