СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Невработен прилепчанец земал државен грант за да основа фирма, но парите ги потрошил за други цели

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против извесен Д.С.(38), како и против фирма од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела – измама при добивање кредит или друга погодност.

Како што информираат од МВР, 38-годишникот во текот на 2016 година, како невработено лице, со намера да се стекне со противправна корист, поднел апликација за активна мерка по програма и пријава за користење на грант.

По одобрување на апликацијата основал фирма од Прилеп и склучил договор со Агенција за вработување и УНДП по кое искористил средства за директна набавка на опрема и материјали во вредност од 185.000 денари, на штета на државниот буџет, меѓутоа спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година била ликвидирана.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content