Над 70 000 граѓани го оствариле своето право на глас до 9 часот, поголем одѕив од минатите избори

0

Околу 70 000 граѓани утрово до 9 часот го оствариле своето право на глас. Според податоците на ДИК, до 9 часот излегле нешто повеќе од 4 отсто од запишаните 1.814.317 гласачи.

Демир Капија, Крива Паланка и Крушево се местата каде има излезност над 8 отсто. Боговиње, Студеничани, Врапчиште, Арачиново Жечино, Пласница, Липково, Шуто Оризари, Дебар, Центар Жупа се места јаде излезноста е под 2 отсто.

Ова се податоци по обработени 95 отсто од избирачките места.

На минатите избори во 2019 година до 10 часот на првиот круг од претседателските избори гласале вкупно 80.569 граѓани, односно 6,05 отсто. Излезноста на овие избори во почетокот од гласачкиот ден е повисока во однос на излезноста пред 5 години.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content