Мицкоски: Од институција што тонеше во долгови, ИЈЗ денес инвестира во опрема и инфраструктура

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Институтот за јавно здравје денес претставува пример за успешна трансформација на една институција која во минатото се соочувала со сериозни финансиски проблеми.

Тој посочи дека, за разлика од претходниот период кога институцијата, според ревизорските извештаи, се соочувала со бројни предизвици, денес ИЈЗ инвестира во нова опрема, реновирање на инфраструктурата и во активности насочени кон заштита и унапредување на јавното здравје.

-Од институција која тонеше во долгови, денес имаме институција која инвестира во опрема и во подобрување на условите за работа. Тоа е институција која се грижи за јавното здравје и ги исполнува своите обврски кон граѓаните, истакна Мицкоски.

Премиерот упати благодарност до директорката на Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување за, како што рече, континуираната поддршка и посветеност во развојот на институцијата.

Посебна благодарност тој им упати и на вработените во Институтот за јавно здравје, оценувајќи ги како клучен фактор за постигнатите резултати.

-Најголемата благодарност оди до вработените кои секојдневно работат и се трудат да постигнат повеќе. Тие се вистинските херои кои заслужуваат признание за својата работа, нагласи премиерот.

Мицкоски изрази надеж дека и во иднина ќе има повеќе поводи за промоција на нови проекти и успеси во здравствениот сектор, кои ќе придонесат за подобри услуги и поквалитетна грижа за граѓаните.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content