Меџити со порака до Бујар Османи: Идната реформска влада ќе биде стабилна со над 70 пратеници и целосен 4 годишен мандат!

55

Бујар Османи не треба да се грижи, бидејќи новата влада без ДУИ ќе биде влада од две мнозинства, стои во пораката на еден од лидерите на албанската опизиција ВРЕДИ (ВЛЕН) до Бујар Османи од ДУИ.

– Албанското мнозинство на овие избори го претставува коалицијата ВЛЕН, а не мултиетничката коалиција „Европски фронт“. Затоа, не манипулирајте со мислењето, и уште поважно, не заканувајте се, бидејќи заканите не се јазик на европските политичари. Ако Османи смета дека треба детално да го објаснам мајскиот договор, подготвен сум ова да го направам во секое време. За разлика од него, кој во тоа време имаше кариера како хирург, јас блокирав раскрсници, протестирав и се судрив со неговиот омилен политичар од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, порачува Меџити.

– Идната реформска влада со целосен 4-годишен мандат ќе биде стабилна со над 70 пратеници, со мнозинство Бадентер, без ДУИ и без Левица и Десница, порача Меџити.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content