СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Тутунарите бараат годинашната просечна откупна цена да биде околу 10 евра за килограм

Ако оди вака, еве гледате што се случува, можете слободно низ цел Прилеп да поминете и да видите каква е ситуацијата со скелињата, а по селата ако одиме, по руралните места е уште полоша ситуацијата. Значи, не само скелиња што има растурено, туку и куќите почнаа да се распаѓаат“.

Ова е ставот на претседателот на Управниот одбор на Националната земјоделска мрежа, Диме Димитријески пред стартот на годинашната откупна кампања на тутунот. Според него, освен што тутунопроизводството одамна е загрижувачки намалено, годинава и инфлацијата ги дотолчила. Затоа, тутунарите бараат актуелната просечна откупна цена да се корегира со анекс и да достигне најмалку 500- 600 денари за килограм тутун.

„Ние сме сведоци во изминатиов период дека инфлацијата и производствените трошоци се некаде околу 40-50 проценти зголемени. Значи, реално некаде околу 350 – 400 денари имаме само производствени трошоци. Нема едноставно заработувачка, излегува дека работиме за 30 ден. од час, значи што е смешно“, појаснува Димитријески.

Инаку, годинашниот род на тутунот од планираните 26 милиони килограми, реално се очекува да тежи едвај 12 милиони килограми. А тука сериозен загрижувачки удел има и се’ позагрижувачкато иселување, вели Диметријески и додава дека во селата веќе нема ни кој да работи.

„Имаме цели региони каде што нема ниту првачиња, до тој степен е дојдено иселувањето што еве, на пример, во с. Алинци имаме само едно прваче. Значи таа е средина каде што 95 насто од луѓето се занимава со земјоделие. Значи, едноставно имаме масовно иселување на младата популација и целосно намалување на површините под тутун“, – посочува Димитријески.

Од Националната земјоделска мрежа алармираат дека ако државата и понатаму продолжи да се однесува ноншалантно не само кон тутунопроизводството, туку и воопшто кон земјоделието, на Македонија црно и’ се пишува, бидејќи велат, ќе имаме пусти ниви и енормно скапа храна.

Kаролина Дурло за АЛФА

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content