Тутунарите бараат годинашната просечна откупна цена да биде околу 10 евра за килограм

2

Ова е ставот на претседателот на Управниот одбор на Националната земјоделска мрежа, Диме Димитријески пред стартот на годинашната откупна кампања на тутунот. Според него, освен што тутунопроизводството одамна е загрижувачки намалено, годинава и инфлацијата ги дотолчила. Затоа, тутунарите бараат актуелната просечна откупна цена да се корегира со анекс и да достигне најмалку 500- 600 денари за килограм тутун.

„Ние сме сведоци во изминатиов период дека инфлацијата и производствените трошоци се некаде околу 40-50 проценти зголемени. Значи, реално некаде околу 350 – 400 денари имаме само производствени трошоци. Нема едноставно заработувачка, излегува дека работиме за 30 ден. од час, значи што е смешно“, појаснува Димитријески.

Инаку, годинашниот род на тутунот од планираните 26 милиони килограми, реално се очекува да тежи едвај 12 милиони килограми. А тука сериозен загрижувачки удел има и се’ позагрижувачкато иселување, вели Диметријески и додава дека во селата веќе нема ни кој да работи.

„Имаме цели региони каде што нема ниту првачиња, до тој степен е дојдено иселувањето што еве, на пример, во с. Алинци имаме само едно прваче. Значи таа е средина каде што 95 насто од луѓето се занимава со земјоделие. Значи, едноставно имаме масовно иселување на младата популација и целосно намалување на површините под тутун“, – посочува Димитријески.

Од Националната земјоделска мрежа алармираат дека ако државата и понатаму продолжи да се однесува ноншалантно не само кон тутунопроизводството, туку и воопшто кон земјоделието, на Македонија црно и’ се пишува, бидејќи велат, ќе имаме пусти ниви и енормно скапа храна.

Kаролина Дурло за АЛФА

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content