СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Лукаревска од Прилеп: Сите храбри жени гласни против насилството

„Осми март е историски ден за сите жени. Токму во Прилеп, од градот-херој, сакам да ги поздравам и да им се поклонам на сите храбри девојчиња, девојки, жени кои се гласни против насилството. Оние кои не знаат каков од низ пеколот е тоа, нека замолчат“,  порача на Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

„Оние кои навистина сочувствуваат, нека застанат спроти насилникот. Храбри девојчиња, девојки, жени – ја имате мојата поддршка, ја имате мојата прегратка. Ниту стравот, ниту молкот не се опција. Не е опција ниту зборувањето напразно“, рече Лукаревска.

Борбата за права на жените е борба за правата на сите, борба која преку правичноста како средство, ќе не доведе до крајната цел,  еднаквоста, вели таа и додава дека само со колективна акција ќе има промени во кој ќе нема место за говор на омраза и за сексистички пораки кон женитe.

„115 години од првиот женски марш во Њујорк, поттикнат од потребата на жената да биде еднакво вреднувана и почитувана се 115 години непрекинати промени. Имаме право на глас и сè повеќе нè има – благодарение и на незапирливиот порив на жената за сочувување на сопственото достоинство. Жената во исто време е и нежна и силна. Нежна, не слаба. Силна, не агресивна. На овој свет, нашиот свет, во кој се во „мртва трка“ страшните и лажните вести, навистина на сите ни е потребна искрена прегратка, прегратка на еднаквост и правичност“, дополнува Лукаревска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content