СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Почна процесот на селекција на кандидатите за нови полицајци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во посета на Центарот за обука при МВР во Идризово каде почна процесот на селекција, во повеќе фази, на пријавените кандидати за полициски службеници по последниот објавен јавен оглас од 6 јуни годинава.

На јавниот оглас се пријавија вкупно 1867 кандидати, од кои 1482 се мажи, 385 се жени, факт што доволно говори за позитивниот имиџ на нашето Министерството и меѓу младите, истакна министерот Спасовски.

Од овие на 1867 пријавени кандидати треба да бидат избрани 600 идни полицајци кои треба да поминат едукација во три образовни циклуси во траење од четири месеци, како што налага наставната програма. Со овие лица ќе МВР ќе склучи договори за вработување на работната позиција приправник полицаец со обврска најмалку пет години да работи во служба на МВР.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content