СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Крушевскиот „Македониум“ оставен на забот на времето

Ќе се обнови ли конечно уникатниот споменик на културата?

Споменикот „Илинден“ познат како „Македониум“, подигнат во чест на Илинденското востание, Првото заседание на АСНОМ. Споменик на вековната борба, стремеж за слободна и независна држава, белег на културата. Високо стои во градот Куршево.

Денеска е симбол на восхит, но место каде дождот е секогаш не поканет гостин за внатрешноста на споменикот. Во споменикот стигнавме на силен дожд. Зелената стара мувла и тазе линиите од пролетниот дожд потсетуваат на тоа дека 50 години никој не направил голема заштита и реконструкција на споменикот. Интерес има од институциите, но засега нема на повидок голема реконструција, туку само одржување.

Изграден пред половина век од брачниот пар Искра и Јорадан Грабулоски. Идеата за скулптурата „Раскинати пранги“ ја симболизираат слободата, а на криптата се изгравирани 58 значајни личности, настани и локации поврзани со Илинденското востание. Борис Марковски е повеќе од една деценија кустос. За љубител и истражувач на историја и споменици нема поголема привилегија да сте тука, раскажува Марковски. Тој вели дека она што е најубаво за еден кустост се воздишките на посетилите за изгледот на споменикот и целиот концепт за историјата на еден народ. Но, за жал се почесто се прашува и за зелената мувла во споменикот.

Токму оваа година Крушево е град на културата. Година кога се одбележуваат 120 години од смртта на Питу Гули, 70 години од смртта на Никола Мартиноски и 120 години Илиден. А споменикот е на листата на седум издвоени примери за бруталистичка архитектура и во десетте најуникатни згради на светот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content