Кому му верувате: Филипче вели идентитетот не бил загрозен, Борисов дека по уставни измени, ќе се бара и се’ од протоколите?
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција потенцира дека државата наводно се наоѓала во катастрофална состојба, а единствен виновник за блокадите бие македонските власти и премиерот Мицкоски. Потенцира дека идентитетот не бил загрозен, правдајќи ја директно Бугарија и нивниот јавно изразен национал-шовинизам..
„Нацијата и државата се пред колапс и никогаш како сега идентитетот не бил загрозен. Граѓаните тоа секојдневно го чувствуваат, поради тоа што паричниците веќе им се празни, исто како и фрижидерите“, посочи без никаков аргумент за истото Филипче.
Во натамошниот СДС изместен наратив, Филипче перфидно си додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваале да го претстават Европскиот пат како некое загрозување на нашиот идентитет, со што луѓето се исплашиле , а се користела истата приказна со која е настапија ни изборите 24-та година, дека Европа е таа којашто го загрозува.
„Патот кон Европската Унија е единствена перспектива за државата и ништо не е загрозено ниту за идентитетот, ниту за јазикот. Тоа е само една голема лага. Единствен кривец за тоа што не напредуваме е Мицкоски и оваа влада,“ рече самоуверено Филипче, оправдувајќи го ветото на Бугарија и барајќи итен внос на Бугарите во македонскиот устав..
Контра него е денешната изјава на бугарскиот екс премиер.
Лидерот на бугарската ГЕРБ, Бојко Борисов, кого Стево Пендаровски галовно го викаше Љубави, јавно призна дека Бугарија и по евентуално внесување на Бугарите во македонскиот устав ќе продолжи да ја блокира Македонија се до исполнување на се’ што е соддржано во протоколите кои ги потпиша политичкиот лузер, тогашен МНР, Бујар Османи. Бојко со голем ќеф го поздрави усвоениот Извештај за напредокот на Македонија за 2025 година од страна на Европскиот парламент, наведувајќи дека европратениците испратиле јасна порака во поддршка на почитувањето на преземените обврски на европскиот пат на Македонија.
Според него, одлуката на ЕП потврдува дека обидите за заобиколување на договорите меѓу Бугарија и Македонија нема да се толерираат.
„Со својот глас, европратениците од сите групи јасно ставија до знаење дека злоупотребата на европските правила и договори нема да се толерира“, објави поранешниот бугарски премиер на Фејсбук.
Борисов се испофали дека по потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година ГЕРБ одиграла клучна улога во „враќањето“ на европската перспектива на Македонија во 2022 година, кога беше договорен таканаречениот европски консензус.
