СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Ковачки за запаленото возило на Ристески

Пред 4-5 дена јавно кажа дека нема да гласа за промена на Уставот заради задоволување на болните амбиции на Заев, Ковачевски и Османи, напиша Драган Ковачки на социјалните мрежи.

Во продолжение неговата реакција 

Ноќеска е запален автомобилот на колегата Петар Ристески од Прилеп. Кукавички чин позади кој сум убеден дека стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ. Платеници се затоа што нема нормален и здрав Македонец, кој поради верба во нешто, освен за добра сума на пари би направил таков чин на насилство против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Дома, пред жена, деца, родители…СДСМ, мафијата има повеќе достоинство од вас. Вие сте гнаси. Ова е напад на пратеник и ова е сериозен удар и назадување во демократијата. После насилството во Собранието со фрлање живото-загрозувачки предмети кон колеги, и ова ќе влезе во извештајот за напредокот кон ЕУ. Со демонстрирањето на немоќта, СДСМ и’ прави штета на Македонија. Знаеме дека им се брза, оти тоа што го ветија не може да го реализираат. Не МВР, не служби, знаеме дека ќе вклучат се’ за реализација на предавството. Знаеме дека се додворуваат и дека ветуваат се’ само за да ги остават некој месец плус на власт. Попусто. СДСМ, залудни ви се обидите. Ниту ќе исплашите некој, ниту ќе го разубедите во вашите сценарија против Македонците. **Само за потсетување, пред околу 10-тина месеци, во екот на кампањата за локални избори, на јавноста и’ презентиравме вибер – комуникација помеѓу припадници на МВР чија задача беше да врши насилство и закани кон членови и симпатизери на опозицијата.

Организацијата на таа група водеше до врвот на МВР, односно до советникот на министерот Спасовски, инаку роден Прилепчанец. Иако јавно баравме да се истражи случајот и за истите да има санкции, до денеска такво нешто нема, а поединци од таа злосторничка група дури добива и парични награди за наводни прекувремени ангажирања кои никогаш не се остварени. И сега јавно го прашувам Министерот Спасовски, кои полициски службеници ќе го истражуваат овој настан и како ќе заврши? Тие што ги наградувате или можеби ќе го пратите советникот за дрогата да ја координира акцијата? ***Ковачевски и Спасовски, ги преминавте границите на пристојноста. Ова вака нема да остане. Порано или подоцна, сите сметки ќе мора да се подмират. ****** За крај, настрана од тоа што полтронската Влада сама се нудела да прифати се’ што бараа Бугарите, сакам да укажам да не се чудите зошто ЕУ ги прифатила сите барања на Бугарите. Затоа што гледа со какви “цивилизирани структури” во Македонија си има работа, напиша Ковачки.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content