СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Започнуваат Велигденските пости

Од денеска започнуваат Велигденските пости кои ќе траат до 8 април, кога е Велигден. Според тежината и должината тие се најстрогите пости и се најдолги, се пости 48 дена.

Црквата востановила да се пости без масло од понеделник до петок, а масло е дозволено само за викенд. Доколку некои верници несвесно се омрсат за време на постот, Отец Стевчо, од Соборниот храм Св. Климент Охридски вели дека тие треба да продолжат со постот, а не да го прекинуваат.

Денеска започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Велигденскиот пост е најдолгата и најстрогата форма на постење, а постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност. Постот е потреба и за телесното и за духовното здравје. И најважно, постот не е само воздржување и одрекување од храна, туку е важен и духовниот пост – одрекувањето и воздржувањето од секое зло и грев. Во тие дни треба да се испитаме себеси, да се воздржиме од лошите мисли, зборови и дела, да се покаеме и да се исповедаме. Да се измириме и да се очистиме. Духовно да се зајакнеме и да се збогатиме. Да правиме добри дела и да покажеме љубов кон Бога и кон луѓето, вели отец Стевчо Беќарски, парохиски свештеник во Соборниот храм Св., Климент Охридски и додава дека за време на постот треба да бидеме посветени во сите постапки.

Според свештениците правилниот пост е од понеделник до петок да се готви без масло, а сабота и недела со масло, додека пак рибата е дозволено да се јаде два пати во текот на постот, за Цветници и за Благовец, а со оглед на тоа што оваа година Благовец се паѓа ден пред Велигден, на овој ден не треба да се јаде риба. Но свештениците препорачуваат овој пост да се практикува првата и последната недела, а во останатите недели пост без масло да се практикува понеделник, среда и петок. Доколку некои верници несвесно се омрсат за време на постот, Отец Стевчо вели дека тие треба да продолжат со постот, а не да го прекинуваат.

Во Велигденскиот пост постојат и т.н. тримери, односно првите три дена не се јаде ништо и не се пие вода. Отец Стевчо вели дека секоја година во секој храм има барем по 10-тина верници кои ги почитуваат тримерите. Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content