Забрана за сообраќај на тешки моторни возила на Плетвар

0

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта на некои места се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на планиските превои Стража и Плетвар, а врнежи со помал интезитет има на Маврово, Попова Шапка, Крива Паланка, Битола и Прилеп.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content