СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

ЗЕЛС ќе бара итен состанок со Владата

ЗЕЛС ќе бара итен состанок со Владата за разрешување на предизвиците на општините од енергетската криза.

Претседателството на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе иницира измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со цел да се подобри финансискиот и фискалниот капацитет, да се зголемат приходите на општините, а ќе побара и итен состанок со Владата за да се изнајде брзо и квалитетно решение за растот на цените на енергенсите.

Претседателката на ЗЕЛС, Данела Арсовска на денешната прес-конференција информираше за заклучоците од втората седница на Управниот одбор, која се однесуваше на разрешување на предизвиците со кои се соочуваат општините, предизвикани од енергетската криза, особено од драстичното зголемување на цената на електрична енергија.

Еден од заклучоците е дека ќе се обратиме до Владата со што ќе побараме итен состанок на кој што би биле разгледани сите предлози кои произлегоа од вчерашната седница и како би изнашле заедничко решение кое најбрзо може да се преземе, а да се излезе во пресрет за да се разреши оваа криза од растот на цените на енергенсите на берзата, рече Арсовска.

Таа напомена дека на седницата било истакнато оти генерално општините имаат сериозни финансиски проблеми и оти навистина е потребна итна интервенција од страна на Владата со која би се превенирало дополнително продлабочување на кризата.

Исто така, еден од заклучоците од седницата е да се бара Владата заедно со Регулаторната комисија за енергетика да преземат мерки и да се санира состојбата.

Тие издаваат лиценци за оваа намена од овој момент веруваме дека не е воспоставена контрола како што е случај во останатите земји, рече Арсовска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content