СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Еве зошто плаќавме најскапи овошје и зеленчук во време кога не сотреа со цените

Владата утринава донела одлука, со која царинските давачки на овошјето и зеленчукот од 65,45 и 35% се намалуваат на 10%, обелодени денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Ова важи за речиси сите производи од овие категории, освен доматите, краставиците и пиперките, имајќи во предвид дека ќе им се даде дополнителен рок на производителите до 1-ви декември за да го снабдуваат и македонскиот пазар. Одлуката стапува на сила веднаш.

Според министерот, маркетите прават измами со непочитување на владините мерки за „гарантирана цена“ и поради тоа се затвораат и добиваат парични казни.

Веќе имаме и самоиницијативи од големите ланци на супермаркети, освен производите наведени во одлуката, почнуваат и свои кампањи за пониски цени. Граѓаните ќе забележуваат дека и дополнителни производи кои самоволно имаат намалување од страна на супермаркетите, истакна Бектеши во емисијата „Студио 10“.

Бектеши информира дека е донесена одлука и да се зголемат квотите за увоз на јужно овошје и најави дека граѓаните оваа зима ќе имаат многу пониски цени на мандарините, портокалите и лимоните.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content