„Ден на бесплатни стрипови“

0

По 2017 година, стрип книжарницата „Бункер” повторно организира „Ден на бесплатни стрипови”.

Се работи за манифестација која првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји.

Целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Во „Ден на бесплатни стрипови” се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен”. Секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа.

Покрај бесплатните стрипови, стрип-книжарницата „Бункер” ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман.

Новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби” еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

Skip to content