Да не сме во војна, а да не знаеме?

0

Станува збор за најголемата хидроелектрична централа во Македонија, со моќност од 150 мегавати. Таа е дел од Мавровскиот систем на АД Електрани на Северна Македонија, заедно со ХЕЦ Равен и ХЕЦ Врбен.

По проблемите со производството на струја во РЕК Битола, каде што се прават напори да проработат два блока и изминатиот период имаше пожар и пукање на цевка, сега проблеми се случуваат и во хидропотенцијалот.

 

Хидроелектраните според актуелната состојба на акумулациите, имаат потенцијал од само околу 10 отсто.

Од АД ЕСМ попладнево демантираа дека се случила експлозија во хидроелектраната, велејќи дека станува збор за 15-минутен прекин во работата на ХЕЦ „Вруток“ поради осигурувач на вод кон гостиварските села.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content