СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

АВМУ го намалува надоместокот за радиодифузерите

Поради продолжувањето на ковид-19 пандемијата која неповолно влијание на општата економска состојба како и поради појавата на енергетска криза што директно се одразува врз економската одржливост на радиодифузерите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе обезбеди финансиска помош со цел да им помогне на радијата и телевизиите во справувањето со негативните последици.

„Донацијата ќе се реализира преку намалување на нивниот надоместок за дозвола за телевизиско или радио емитување за 2022 година, пресметан согласно формулата утврдена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Ова намалување, имајќи ги предвид финансиските можности на Агенцијата, изнесува 50% од надоместокот за дозволата“, велат од АВМУ.

Агенцијата се надева дека оваа донација ќе придонесе за ублажување на последиците од кризата и ќе го олесни работењето на радиодифузерите, односно ќе придонесе за нивно непречено функционирање и наредната година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content