СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Дали сауната навистина согорува калории

Сауна е просторија со висока температура и влажност. При престојот во сауна, телото се обидува да се олади, што доведува до неколку промени. Иако сауните често се користат за релаксација или зајакнување на здравјето, многумина се во дилема дали додека престојуваат во сауна, можат да согорат вишок калории. Според истражувањата, точно е дека телото согорува дополнителни калории во сауна, но не беше познато колку калории се согоруваат во текот на овој процес.

Колку калории можете да согорите во сауна?

Истражувањето покажало дека за време на четири десетминутни престојувања во сауна, мажите во просек согорувале околу 73 калории во првите 10 минути, а во четвртиот престој од 10 мин.  просечното согорување калории се зголемило на 134 калории. Исто така, мажите со повисок масен индекс (БМИ) согорувале околу 20 калории повеќе од просекот за време на последниот 10-минутен престој во сауна. Ова истражување е спроведено на млади мажи кои не биле физички активни.

Губење на тежината во сауна

Губењето на тежината во сауна се должи на губењето на телесните течности преку потење, но ова може да има мал ефект врз губењето на тежината. Исто така, луѓето со повисок БМИ губат повеќе течности и затоа хидратацијата за време и по употребата на сауна е важна за да се спречи дехидрација.

Здравствени придобивки од користењето на сауна

Редовното користење на сауна може да има низа здравствени придобивки. Имено, престојот во сауна го намалува ризикот од смрт од срцеви заболувања, го подобрува опуштањето на телото, го снижува крвниот притисок, ја намалува инциденцата на Алцхајмерова болест и деменција и ја намалува инциденцата од белодробни заболувања. Сепак, важно е сауната да се користи умерено, бидејќи пречестата или предолгата употреба може да доведе до здравствени ризици како што се изгореници, топлотна исцрпеност, тешка дехидрација, па дури и мозочен удар.

Безбедност при користење на сауна

За здрави луѓе користењето на сауна се смета за безбедно, но важно е да се внимава на ризикот од дехидрација и да се замени изгубената течност со внесување вода. Исто така, постојат неколку упатства за безбедно користење на сауна, меѓу кои: избегнување алкохол, лекови кои ја намалуваат способноста на телото да се поти, користење на сауната само 15 до 20 минути со постепено ладење.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content