СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Гала оперски концерт на фестивалот „Есенски музички свечености”

Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености", вечер од 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи гала оперски концерт во режија на Дејан Прошев и под диригентство на Иван Еминовиќ.

Ќе настапат оперските солисти: Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров и хорот и оркестарот на НОБ.

Концертот ќе се одржи според здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19 при одржување јавни настани, а за публиката влезот ќе биде отворен еден час пред почетокот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content