Влен: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата

Како што соопштија од партијата, ова основачко собрание е продолжение на конгресот на обединувањето и означува важна етапа во консолидацијата на Влен како обединет политички субјект.

„Денешното собрание го потврди единството на структурите, енергијата на членството и посветеноста за продолжување на политичкото дејствување во служба на граѓаните“, велат од Влен.

На присутните им се обратија копретседателите на Влен и други претставници на партијата, кои ја истакнаа важноста на овој момент за иднината на субјектот, за зајакнувањето на партиската организација и за продолжување на ангажманот на сите нивоа.

Копретседателот Билал Касами, во своето обраќање ја нагласи важноста на основачкото собрание во процесот на консолидација на Влен.

„Денес правиме уште еден важен чекор на патот на обединувањето и консолидацијата на Влен“, истакна Касами.

Копретседателот Изет Меџити, оцени дека основачкото собрание претставува значајна етапа во политичкото и организациското зајакнување на субјектот.

„Ова Основачко собрание го претставува следниот чекор кон консолидацијата и зајакнувањето на Влен како политички субјект на Албанците во Македонија“, изјави Меџити.

Во своето обраќање, потпретседателката, Мимоза Муса, ја истакна определбата на Влен за обединување и заштита на интересот на граѓаните.

„Во време кога многумина инвестираат во поделби, ние го избравме обединувањето. Во време кога политиката често се мери со тесни интереси, ние го избравме интересот на граѓаните“, рече Муса.

Од партијата велат дека основачкото собрание потврди дека Влен влегува во нова фаза на политичко дејствување, со посилна организација и посветеност за продолжување на работата на централно и локално ниво.

„Со енергијата и поддршката на членството, Влен ќе продолжи да работи во секој дел од државата, со цел да одговори на очекувањата на граѓаните и да креира политики што ќе го подобруваат нивниот секојдневен живот“, велат од Влен.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content